Грета Тунберг: "Приватно сум многу блесава, не планирам со ова да се занимавам целиот свој живот"

Точка

24/10/2021

13:10

8.913

Големина на фонт

а а а

Светски познатата активистка за заштита на околината, Грета Тунберг која има само 18 години во разговор за Би Би Си рекла дека таа приватно е сосема различна од она што го гледа јавноста.

Грета открила дека приватно прави многу "чудни" работи и дека е подруга личност со пријателите и семејството отколку во моментите кога јавно говори за климатските промени.

"Мислам дека луѓето не би ме препознале доколку ме запознаат приватно. Во приватноста воопшто не сум сериозна. Изгледам многу лута во медиумите, но тоа не сум јас. Приватно сум премногу "блесава", можеби и отповеќе", рекла Грета.

Таа за себе вели дека не се смета за ѕвезда на климатските промени, туку како обична активистка.

"Не мислам дека целиот живот ќе му го посветам на тоа. И понатаму ќе останам активистка, нема да има таков момент кога ќе престанам. Не е сѐ црно-бело. Мислам дека кога ќе почувствувате дека не можете да направите повеќе, време е да се повлечете", истакнала Грета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг