Вечерта помеѓу сабота и недела се одиграа уште девет натпревари од најатрактивната кошаркарска лига во светот, НБА Лигата.
Вечерта помеѓу сабота и недела се одиграа уште девет натпревари од најатрактивната кошаркарска лига во светот, НБА Лигата.
Меѓу сите тие натпревари, за издвојување беше средбата помеѓу Далас и Торонто која заврши во корист на гостинскиот тим кој славеше со 103:95.
И овојпат предводник на Далас беше Лука Дончиќ кој запиша „дабл-дабл“ учинок со 27 постигнати поени и 12 запишани скокови. Одлични беа и неговите соиграчи Тим Хардавеј кој даде 25 поени и Кристап Прозингис кој мечот го заврши со 18 постигнати поени.
Во таборот на Торонто пак се истакнаа Ануоби кој уфрли 23 поени и Фред Ванвлит кој застана на 20 уфрлени поени.
Резултати:
Кливленд- Атланта 101:95
Индијана- Мајами 102:91
Торонто- Далас 95:103
Чикаго- Детроит 97:82
Минесота- Њу Орлеанс 96:89
Сан Антонио- Милвоки 111:121
Портланд- Феникс 134:105
ЛА Клиперс- Мемфис 114:120