Дуел помеѓу најголемите легенди на 80-те – „Ferrari Testarossa“ и „Lamborghini Countach“

Точка

23/10/2021

17:48

39.338

Големина на фонт

а а а

Ако сте растеле во 80-те години на минатиот век, голема е веројатноста дека постер од барем еден од овие два автомобили красел ѕид во вашата соба.

Тогаш малкумина се прашуваа кој модел е подобар. На тронот имаше доволно место, па никој не се жалеше на идејата да го поделат на два дела. Денес, кога речиси секој бренд има свој адут, конкуренцијата е жестока и одлучуваат нијансите. Но, за да се разбере сегашноста, понекогаш треба да се вратиме во минатото.

Јутјуб каналот „888MF“ се посветил токму на пионерите во хиперспортскиот сегмент и одлучил да ги спротивстави „Lamborghini Countach LP 5000 QV“ од 1985 година со една година помладата „Testarossa“. „Ferrari“ има поминато само 12.875 километри и на прв поглед делува далеку „посмирен“ од „лутиот“ модел на „Lamborghini“ кој веќе со дизајнот навестува дека „пука“ од сила.

И навистина, „Ferrari“ во секој поглед е полесен за возење, па дури и може да се замисли како секојдневен автомобил на некој плејбој од 80-те. Моторот е потивок, управувањето е подобро, а да не зборуваме за прегледноста. „Countach“ е потполна спротивност, па така не влева доверба кај возачот со квалитетот на изработката, но ни со самите динамички карактеристики. Но, повторно, на кратки растојанија ова е автомобил кој ја буди крвта во вените и гарантира дека сите ќе го забележат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг