Пронајдена желка со две глави: Не се знае кој пол е, но откриени се овие занимливости

Точка

22/10/2021

09:55

6.645

Големина на фонт

а а а

Две глави, шест нозе и еден оклоп. Така изгледа двоглавата желка, многу ретка, пронајдена на американскиот 'рт Кејп Код.

Волонтери сосема случајно ја пронашле на 'ртот и веднаш ја префрлиле во тамошниот центар за диви животни каде научниците спроведуваат истражувања за тоа.

Во центарот велат дека ова е прва таква желка која некогаш ја виделе и дека се обидуваат да ја третираат како единствено суштество, што таа и е.

Откриле дека станува збор за две потполно развиени желки, кои имаат одвоена дигестија, така што внатре во нивниот оклоп има голем "метеж".

Тоа што не ги делат органите е добра вест, бидејќи шансите за преживување се многу поголеми.

И натаму не е утврдено дали имаат едно или две срца, како ни полот на животните, бидејќи за тоа се уште е рано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг