Симеоне не се ракуваше со Клоп, тренерот на Ливерпул му се налути на новинар

Макфакс

20/10/2021

11:28

1.884

Големина на фонт

а а а

Интересен момент се случи по завршувањето на натпреварот Атлетико-Ливерпул, во Лигата на шампионите. Јирген Клоп сакаше да се ракува со Диего Симеоне, но Аргентинецот, како што тоа секогаш го прави, без поздрав, со трчање замина во тунелот.

„Јирген Клоп оди по теренот со испружена рака, а Диего Симеоне бега! Бега во тунелот, го игнорира Клоп, а Германецот му мавта. Нема ракување помеѓу тренерите“, пишува Би-би-си.

По мечот, новинар го прашал Клоп, дали му се налутил на колегата.

„Дали сум лут? Не сум идиот, за да ми подметнете таква приказна. Да, сакав да се ракувам, тој не сакаше, го разбирам тоа. Јасно ми е што се случи. Тој е емотивна личност, а вие не сте добра личност кога сакате од ова да направите скандал. Рековте дека сум бил лут. Кога точно? Не, сега сум лут поради ова ваше прашање“, одговорил Клоп.

Симеоне никогаш не се ракува со колегите по завршувањето на натпреварите. Неговото објаснување е дека нема потреба од тоа, бидејќи често некој не е задоволен од резултатот.

„Не се поздравувам со колегата по мечот, не ми се допаѓа таа пракса. Не е здраво, ни за победникот, ни за поразениот. Така јас гледам на тоа. Сега кога ќе го сретнам ќе го поздравам“, рекол Симеоне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг