Вориорс со пресврт ги победија Лејкерси

Макфакс

20/10/2021

09:05

4.409

Големина на фонт

а а а

Голден стејт Вориорс со победа над Лос Анџелес Лејкерс 121:114 ја започнаа новата сезона во НБА лигата. Триумфот на Вориорс го обележаа Стеф Кари со трипл-дабл и Немања Бјелица. Кај Лејкерси, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис комбинираа 67 поени и 22 скока.

Голден стејт со пресврт во последниот период успеаја да ги победата Лејекрси. Претходно Вориорс, во финишот на третиот период се вратија од негативата од девет поени.

Стеф Кари забележа 25 поени, 10 скока и 10 асистенции, а Бјелица оствари дабл-дабл од 15 поени и 11 скокови (5/6 за два, 1/1 за три). Уште четворица играчи на Вориорс постигнаа двоцифрен број на поени: Џордан Пул 20, Демијан Ли 15, Андре Игудала 12, Ендру Вигинс 12.

Лејкерски ги предводеа Џејмс со 34 поени и 11 скокови, односно Дејвис со 33 поени и 11 скокови. Само тие двајца беа двоцифрени, Кармело Ентони и Расел Вестбрук постигнаа по осум поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг