Го доела бебето само од десната страна, а потоа се случило ова: Покажала како сега ѝ изгледаат градите - 11.000 корисници во неверување!

Точка

18/10/2021

21:50

20.278

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Аби Херберт неодамна со своите следбеници на ТикТок споделила дека се соочила со проблем додека ја доела својата 6-месечна ќерка Попи.

Имено, Аби открила дека нејзиното девојче сакало да цица само од десната дојка, а тоа довело до драстично зголемување во однос на левата.


„Од првиот ден од некои нејзини причини ја бираше исклучиво десната дојка. Ѝ реков: Ја сакаш десната? Добро, тогаш десната е твоја. Меѓутоа, се покажа дека заборавиле да ми кажат што може да се случи, кои се последиците кога бебето цица само од една страна. Како што гледате - десната дојка сега ми е тврда како камен и изгледа како да сум ѝ вградила имплант“, раскажала мајката.

На снимката се гледа дека десната града ѝ е многу поголема во однос на левата. Сепак, набрзо објавила уште едно видео на кое покажува дека ситуацијата не е постојано таква.


Градите ѝ се вратиле во нормална состојба, откако малата Попи вечерала, но после само 12 часа едната дојка повторно се зголемила.

Имено, причината за оваа појави е природна реакција на организмот, пишува „The Sun“.

Експертите велат дека нема причина за грижа, бидејќи откако ќе престане со доење, дојката ќе се намали и ќе се врати во речиси иста големина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг