Милионски прегледи за кратко време – ова е најслушаната песна во регионот и светот

Точка

17/10/2021

15:31

6.232

Големина на фонт

а а а

„Easy on Me“, повратничката песна на пејачката Адел, за само 24 часа добила 51 милиони прегледи на Јутјуб, а исто така се наоѓа и на врвот на трендинг листите во светот и регионот.

Британската поп дива во петокот го објави повратничкиот сингл во кој со светот сподели детали за непријатните шест години кои поминала од последното објавување на нејзиниот албум.

Во тој период 33-годишната ѕвезда изјавила дека имала многу непријатни ситуации со кои се соочила, а во кои била и ситуацијата со распаѓањето на нејзиниот брак.

Иако нејзиниот глас не ја изгубил моќта, текстот на новиот сингл ја открива длабоката ранливост, со моќниот рефрен „биди нежен кон мене“, испеан со едноставна клавирска фраза.

Слушнете ја песната:



Спонзорирани линкови

Маркетинг