Неверојатна туристичка атракција: „Нереалниот“ стаклен мост во Кина и тоа како е реален

Точка

16/10/2021

14:00

34.325

Големина на фонт

а а а

Стаклениот мост Ruyi во кинеската провинција Џеџанг за кратко време стана туристичка атракција која ја виделе над 200.000 посетители.

Инспирацијата за конструкцијата на мостот лежи во кинескиот симбол за среќа ruyi. Мостот на некои делови е направен од стакло, се наоѓа на 140 метри висина над земјата, а составен е од три брановидни мостови.


Осмислен е така што на некој начин се меша со своето природно опкружување, па така линиите од мостот и планината која се наоѓа таму се совршено вклопени.

Првите фотографии од мостот се најдоа на мета на критики поради тоа што луѓето биле сигурни дека финалниот производ нема да личи на првобитната замисла, а поголем дел од луѓето мислеле дека такво нешто е невозможно да се изведе и дека фотографиите од мостот се лажни.

Сепак, по отворањето на мостот во септември 2020 година работите се промениле, а мостот набрзо станал водечка туристичка атракција во тој дел од Кина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг