Глумецот Том признал дека се расплакал на последниот ден од снимањето на "Спајдермен"

Точка

15/10/2021

20:40

4.850

Големина на фонт

а а а

Том Холанд открил дека се расплакал во текот на еден од последните денови додека се снимал филмот "Spider-Man: No Way Home" заедно со девојката и колешката, Зендаја, но и со колегата Џејкоб Баталон. Се претпоставува дека ова ќе биде последното продолжение во кое тие тројца ќе се појават заедно.

"Овие филмови ги снимаме веќе пет години", рекол Холанд за Ентертејнмент Викли во новото интервју. "Ние тројца имавме неверојатен однос. Заедно бевме во секој чекор, од сите продолженија на филмот до секоја прес турнеја".


Холанд изјави дека додека работел со Баталон и Зендаја, за време на последните денови од снимањето на филмот "No Way Home" го преплавиле емоциите.

Глумецот рекол дека не знае дали ова ќе биде последниот пат кога триото ќе работи заедно.


"Тоа беше срцепарателно, но и навистина возбудливо, бидејќи сите преминуваме во следното поглавје на нашата кариера", рекол Холанд.

"Да се сподели тој момент со нив беше можеби најдобриот ден кој го имав на сет. Мислам дека никогаш не сум плачел така".