Путин за цената на нафтата: "Можна е и трицифрена вредност на барел во долари!"

Точка

13/10/2021

19:45

5.078

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека цените на нафтата би можеле да достигнат до 100 долари по барел како што расте побарувачката за сите извори на енергија.

Цените на електричната енергија скокнале секаде ширум светот, бидејќи економиите повторно се отвориле после повеќемесечен застој предизвикан од пандемијата, а понудата е и понатаму слаба. Минатата седмица, сировата нафта на West Texas Intermediate преминала на 80 долари по барел, за првпат од ноември 2014 година.


Меѓутоа, Путин, лидерот на една од најголемите нафтени држави на светот, верува дека цената би можела да оди уште нагоре. На прашањето дали VTI би можел да достигне до 100 долари по барел тој рекол:

"Тоа е сосема веројатно и можно".

Но, Путин изјавил дека Русија и другите земји производители на нафта прават сѐ што можат за да направат стабилизација на пазарот.

"Русија и нашите партнери правиме што е можно повеќе за да се стабилизира пазарот на нафта. Се трудиме да не дозволиме шокови во цената. Тоа секако не сакаме да го имаме - тоа не е во наш интерес", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг