По пауза од речиси година и половина од музичката сцена, пејачката и доктор дерматолог, Симона Поповска, се враќа со нов сингл. Причини за оваа пауза е раѓањето на нејзиниот син Никола.
Симона до пред некоја година беше позната и како член на единственото денс дуо кај нас Саунд Месинџерс заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава, па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно подготвија убаво музичко изненадување.
Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов „Feel so good“. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore.
Музичкото лирикс видео го изработи Зоран Зонде Стојановски.