Австралија нема да прима странски туристи до 2022 година поради коронавирусот

Макфакс

05/10/2021

12:15

2.205

Големина на фонт

а а а

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека земјата ќе примa странски туристи само од следната година.

Говорејќи за австралискиот Канал 7, Морисон зборуваше за приоритетите и отворањето на границите кои беа затворени од март 2020 година.

„Ако сте биле вакцинирани двапати во странство и престојувате во Австралија, ако сте австралиски државјанин и ако сте член на семејството, можете да патувате“, рече Морисон.

Странските туристи не се на листата на приоритети и тие ќе можат да влезат во Австралија од 2022 година.

Како што рече, следниот приоритет се оние кои доаѓаат во Австралија на образование.

Во Австралија, процентот на целосно вакцинирани се очекува да достигне 80 проценти до крајот на октомври.

Во моментов, 57,4 проценти од граѓаните ја имаат завршено вакцинацијата, а 79,9 проценти добиле барем една доза.

И покрај строгите мерки преземени од 25 јануари 2020 година, кога коронавирусот за првпат беше регистриран во Австралија, вкупно 115.859 луѓе биле позитивни на Ковид-19, а 1.355 починале како резултат на инфекцијата.

Во моментов во Австралија се регистрирани 23.354 активни случаи, а 298 од 1.535 хоспитализирани пациенти се на одделенијата за интензивна нега.