Се огласија и организаторите на скандалозниот камп: Секс-игрите за деца биле погрешно протолкувани

Точка

30/09/2021

18:57

8.440

Големина на фонт

а а а

По неколку дена молк околу случајот кој го објави „Слободен печат“ со скандалозниот извиднички камп во скопско, на кои малолетници се жалат дека биле дел од несоодветни и понижувачки активности, се огласи организаторот на настанот, Првиот скопски извиднички Одред (ПСИО).

Оттаму велат дека 'искрено жалат поради настанатата ситуација, што следува по сведоштвата споделени во јавноста околу случувањата на настанот Есенски бакнежи, прегратки 2021'.

„Последните два дена ги посветивме на целосно толкување на реакциите и обвинувањата од страна на загрижен родител, кон активностите и случувањата на нашиот настан организиран 24-26.09.2021г. во околината на с.Градовци. Раководството на ПСИО внимателно ги разгледа коментарите и ставовите околу случајот и смета дека сведочењата за настанот се извадени од контекст“, велат од извидничкиот одред, кој е дел од Сојузот на извидници на Македонија.

„Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани,“ додаваат оттаму.

Целото соопштение на ПСИО прочитајте го ТУКА.