Нов закон за административни службеници: Вработените во јавна администрација секој петок ќе работат само 4 часа?

Точка

30/09/2021

13:49

4.095

Големина на фонт

а а а

Новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на „ЕНЕР“ предвидува само 4 часа работа за македонската јавна администрација секој петок.

Тоа значи дека ако работното време им започнува во 8 часот наутро, дома ќе можат да си заминат уште во 12 часот напладне, пренесува „Фактор“.

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно 8 часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.


(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон“, пишува во законот.

Според актуелниот закон, административните службеници мора да одат на работа по 40 часа неделно, а со измените тоа ќе се скрати на 36 часа. Работно време е од 7:30 или 8:30 часот до 15:30 или 16:30 часот.

Инаку Законот беше ставен на „ЕНЕР“ на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.