Реакциите во јавноста не се смируваат околу извидничкиот камп за сексуална едукација „Sex Scouts and Rock n Roll“ кој се организирал викендов во Зелениково.
Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација. Случајот е пријавен во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.
„Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба“, велат од ОЈО Скопје.
Претходно беше објавена и сторија за скандалозниот извиднички камп кој се одржал викендов, а каде како што споменавме имало непримерни активности во кои малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс пози, а сега бројни реакции пристигнале до редакцијата на „Слободен печат“.
Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред за „Слободен печат“ потврди дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.
„Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте“ изјавила таа.
Повеќе прочитајте на „Слободен печат“.