На зградата на српската амбасада во Финска поставено знаме на ОВК

Макфакс

28/09/2021

21:42

2.339

Големина на фонт

а а а

На зградата на српската амбасада во Финска, непознати сторители го истакнале знамето на ОВК, кое утрово било отстрането, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Амбасадорот Саша Обрадовиќ утрово го отстранил знамето од влезот за автомобили во дворот на амбасадата и за инцидентот ја известил хелсиншката полиција, која излезегла на местото на настанот за да спроведе истрага.

Министерството за надворешни работи на Србија остро го осуди овој чин, кој го нарече провокаторски и вандалски и очекува властите да ги пронајдат сторителите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг