Гангстери облечени како адвокати ликвидирале шеф на мафија во суд во Делхи

Точка

24/09/2021

18:15

4.382

Големина на фонт

а а а

Шеф на мафија кој бил на сослушување во суд во Делхи починал откако било пукано во него од страна на гангстери облечени како адвокати, пренесува Russia Today.

Познатиот гангстер Џитендер Гоги е во затвор од 2020 година, а денес бил доведен на сослушување во суд кој се наоѓа во северниот дел на Делхи. Откако пристигнал, негови ривали од бандата Тилу влегле во судот облечени како адвокати и го убиле.


Членовите на специјалните сили кои биле во придружба на Гоги им возвратиле со пукање и ликвидирале двајца напаѓачи. Во пукањето биле повредени шест лица вклучувајќи ја и адвокатката.

Конгресменот, Гаурав Панди на Твитер објавил снимка снимена надвор од просторијата за сослушување, која брзо се проширила на социјалните мрежи, а се слушаат пукотниците и забележан е полицаец со оружје. Индиските медиуми пишувале дека Гоги и Тилу бандите се во војна со години и дека резултат на тоа се 25 мртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг