Николовски: „Нема да чекаме кривична пресуда за функционерите, имотот ќе се конфискува во граѓанска постапка“

Точка

23/09/2021

21:25

2.614

Големина на фонт

а а а

Во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител, вечерва гостуваше вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

„Голем е интересот за законот на потекло на имот, драфт верзијата на овој закон е затворена денеска и се решени сите прашања, одработната група под водство на Советот на Европа, сега ќе се разгледува законот од страна на нивните експерти меѓутоа сите внатре судии, обвинители и експерти ги решија сите прашања и потоа наскоро ќе се отвори со јавноста“, рече Николовски.

Според Николовски тоа е закон кој ќе се однесува за сите граѓани со што се елиминираат слабостите на кривичните постапки.

„Ова особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води финансиската полиција, да нема формирање нови институции. Граѓаните треба да докажата каде има разлика од 30.000 евра неприавени или неоданочени. Постапките ќе ги застапува државнотот правобранителство бидејќи тоа е имот на државата и тој имот треба да се врати на граѓаните. Закон кој во други земји се нарекува закон против мафијата, се растеретуваме од она што го влечеме низ транзицијата и ова ќе биде доказ за едно трансформирано општество“, појасни вицепремиерот.

„Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот. И ќе ги демотивираме оние кои сакаат да пишат на нивно име имот бидејќи ќе бидат проверени. Мора да го менуваме менталитетот, мора по 30 години да не го изигруваме законите и она што е на државата да се врати на граѓаните и да ја средуваме државата, да се градат градинки, училишта. Се надевам дека на овој начин ќе ги вратиме младите“, рече тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг