Полицијата уапси 43-годишен скопјанец кој предизвикал пожар во село Горно Оризари. Пожарот бил изгаснат од противпожарната бригада, а по завршување на истрагата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата уапси 43-годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријава.
Според информациите на МВР, вчера во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено.
Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







