Македонските полицајци поим немале за дрогата: Од МВР велат дека била заборавена во возилото од 2016-та година

Точка

23/09/2021

20:44

10.588

Големина на фонт

а а а

Двајца полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал вчера биле фатени со дрога во Албанија, при влез во Црна Гора.

Од МВР го потврдија случајот, но тврдат дека станува збор за претходно запленета марихуана која останала во возилото, скриена во бункер под седиштата. Од министерството додаваат дека двајцата службеници веќе се вратени во Скопје.

„Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто паркот на МВР, кое инаку МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016-та година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата туку таа била сокриена во автомобилот, односно останала од 2016-та година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврди и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, се вели во одговорот на МВР.

Оттаму додаваат дека за целиот случај го известиле и нашето Јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг