Заврши големата меѓународна вежба во организација на НАТО и Центарот за управување со кризи

Макфакс

23/09/2021

19:12

1.800

Големина на фонт

а а а

Денеска попладне (23.04.2021), заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“ во организација на НАТО ЕАДРЦЦ – Евроатлантскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од НАТО страна, Вим Ванхеим, а од змјата домаќин, Урим Вејсели, одржаа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг