Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце: Чифлиганец за 9,3 милиони евра ја купува Топлификација

Точка

23/09/2021

14:22

8.562

Големина на фонт

а а а

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај.

Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. Важен позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент, за што деловната политика на Адора заслужува поздравување.

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора и одговорен за деловниот развој на компанијата во врска со овој позитивен економски потег изјави:

„Во сите бизнис полиња и аспекти каде што Адора е деловно присутна, работиме со примарна цел да ги унапредиме истите, да внесеме иновативност, про-активност и прогресија во истите. Во сите наши деловни активности, работиме според сите последни глобални методи, трендови и стандарди и наша примарна цел е да бидеме позитивен економски пример во гранките во кои делуваме. Сметаме дека вистинскиот успех на компаниите се мери според квалитетот на општеството, кои умеат да го создадат во средините во кои делуваат. Пред 20 години, нашиот директор проф. д-р. Ванчо Чифлиганец ја основа Адора инженеринг, која што за кратко време, ја демонстрираше нашата посветеност како луѓе кон деловниот квалитет. Во изминатите неколку години, успешно го диверзифициравме работењето во неколку деловни сфери, кои исто така се покажаа искличително успешни. После студиозна физибилити студија сработена од врни домашни експерти од полето на енергетиката и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, кој што е главен влезен параметар во работењето секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Меѓутоа, во Адора, имаме афинитет на прифаќање на деловни предизвици и донесовме одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија. Нашата држава поседува исклучително квалитетен кадар од областа на топлинската енергија и енергетика генерално. Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начини и да го оптимизраме и модернизираме процесот на производство во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на кои што ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, меѓутоа, во Адора веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна Комисија за Енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси“.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг