ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,3 проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Макфакс

10/09/2026

09:30

63

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека економијата во земјата забрзува со раст од 4,3 проценти, поддржан од инвестиции, извоз и градежништво, додека СДС се соочува со неуспеси и очај.

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата, велат од владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инвестициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 процент, како што истакнуваат, е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото.

„Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти.

Градежништвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност“.

Најавуваат дека економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

„Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани“.