Вардар ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите, победувајќи го убедливо белорускиот претставник Мешков Брест.
Македонскиот првак доминираше на средбата во Скопје и не му дозволи на противникот да дојде до шанса да се бори за бодови на оваа средба.
Тоа по мечот го призна и тренерот на Мешков, Даниел Гордо.
– Вардар го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава, а и атмосферата во салата влијаеше на конечниот резултат.
– Ние правевме и многу грешки, дозволувавме противникот да постигнува лесни голови, а во играта веројатно се почувствува и замор поради бројот на натпревари кои ги одигравме изминатава недела.
– Едноставно не можевме да направиме нешто повеќе против ваков противник, а за нас натпреварот ќе биде лекција за во иднина, – изјавил Гордо.