(Видео) Несекојдневна акција: Полициски возила „бркаа“ збеснат коњ кој трчал во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово

Точка

23/09/2021

11:14

3.578

Големина на фонт

а а а

Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полициска патрола „брка“ коњ со запрежна кола, кој неконтролирано трчал по автопатот во спротивна насока и сериозно го загрозувал сообраќајот.

За среќа, полицијата по долгата бркотница успеала да го запре коњот кој трчал со голема брзина по брзата лента во спротивна насока, а целиот случај завршил без нечија повреда.

Според корисниците на социјалните мрежи, инцидентот се случил на автопатот Скопје – Тетово.

????????

Автопат Скопје -Тетово. Брза лента???

На крај полицијава ќе го уапси коњот ???

Posted by АероДРОМци on Wednesday, September 22, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг