„Фала ти Зоран!“: Коментарот на американската водителка на изјавата на Милановиќ е вистински хит

Точка

22/09/2021

14:25

9.622

Големина на фонт

а а а

Еден корисник на Твитер објавил снимка од прилог на „Fox News“ на кој водителката чита изјави на одредени политичари за бегалците од Авганистан, откако Талибанците ја презедоа власта во оваа земја.

Она што е интересно во видеото е коментарот на водителката на изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој стана хит на социјалните мрежи.

За потсетување, во август, претседателот Милановиќ на прашањето на новинарите дали Хрватска треба да прими бегалци од Авганистан, тој изјави дека тие треба да одат во најголемите држави.

„Сите тие би требало да си го најдат своето место во САД“, изјави тогаш хрватскиот претседател.

Токму на неговата изјава се надоврзала водителката на „Fox News“:

„Францускиот претседател Макрон изјави дека Франција треба да се заштити од мигрантите, австрискиот министер за внатрешни работи изјави дека не постои причини зошто Авганистанците би дошле сега во Австрија“, а потоа рекла: „Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека сите тие би требало да го пронајдат своето место во Америка“ и додала: „Фала ти Зоран!“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг