„Дојче веле“: За тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата - се огласија и од Општина Тетово

Точка

21/09/2021

18:36

3.470

Големина на фонт

а а а

Целосната надлежност за контролната и оперативната фаза на тетовската модуларна болница била на општина Тетово, директорот на болницата и комунални инспектори, покажува тендерската документација.

Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници, покажуваат документите до кои дојде Дојче веле.

Документите насловени „План за еколошки и социјален менаџмент“ на модуларните болници, објавени во октомври 2020 година во подробности ги опфаќаат фазите на изградба на модуларните болници, нивното одржување и контрола за секоја од нив поединечно.

Додека се чекаат резултатите од истрагата која треба да одговори на многу прашања во врска со смртта на 14 пациенти и нивните роднини во тетовскиот ковид-центар на 8 септември годинава, истражувањето на ДВ во документацијата за проектот расчистува некои дилеми во однос на надлежноста и одговорноста за контролата на изградбата, функционалноста и заштитните механизми.

Директорите- изведувачи и инспектори

Според овие документи, надлежни за спроведување на проектот во делот на институционалните договори биле тим- лидерот од Светска Банка и лице од проектната канцеларија на Светска Банка при Министерството за труд и социјална политика како проект-менаџер. Во делот на имплементацијата, за тетовската модуларна болница надлежни биле две лица од Министерството за труд во делот на заштитниот надзор. Директорот на тетовската болница Флорин Бесими фигурира како изведувач, во локалниот надзор, како и во делот на локалниот инспекциски надзор. Бесими, кој повеќе од 11 години беше в.д. директор на Тетовската болница, во меѓувреме понуди оставка на функцијата, исто како и економскиот директор на клиниката Артан Етеми- кој не се споменува во документацијата. Никој од засегнатите, кои ги контактираше ДВ, во моментов не смее да коментира ништо во врска со случајот поради тековната истрага.

Повеќе детали во факсимилот:


Остатокот од текстот можете да го прочитате на „Дојче веле“.

Од општина Тетово тврдат дека тие немале никаква одговорност во оперативната фаза на градбата на модуларната болница (која изгоре на 8-ми септември при што починаа 14 луѓе).

Општинските власти тврдат дека за модуларните согласно донесениот закон овластувањата за надзор биле во Министерството за здравство и во Државниот градежен инспекторат.

Реакцијата стигна веднаш по објавата на „Дојче веле“.

Соопштението од Општина Тетово може да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг