"Не можеме да се однесуваме како ништо да не се случило": Французите и натаму бесни поради потегот на Австралија

Точка

21/09/2021

20:52

2.912

Големина на фонт

а а а

Австралија, САД и Велика Британија на 15-ти септември го направиле безбедносниот пакт АУКУС.

Франција нема брзо да го остави на страна спорот со Австралија настанат околу раскинот на договорот за подморниците, и ги разгледува сите опции како одговор, порачал денеска францускиот министер за европски работи, Клемент Боне.

"Нашите односи се многу комплицирани. Не можеме да се однесуваме како ништо да не се случило. Мораме да ги разгледаме сите опции", рекол францускиот министер за новинарите прес состанокот со колегите од ЕУ во Брисел, пренесува "Reuters".


Боне ја поздравил поддршката на министерот за надворешни работи на ЕУ на состанокот во понеделникот и истакнал дека ова е прашање за ЕУ, а не само за проблем за Франција.

Австралија, САД и Велика Британија на 15-ти септември го направиле безбедносниот пакт АУКУС, според кој Канбера добива технологија да изгради осум подморници на нуклеарен погон.


Австралија по влегувањето во пактот се откажала од купување на конвенционални подморници од Франција, а Париз соопштил дека немало никаква најава за откажувањето на договорот кога францускиот претседател Еманеул Макрон се состанал со премиерот на Австралија, Скот Морисон, кон средината на јуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг