(Видео) Полицијата во џипови бегала од револтираните граѓани: Несекојдневни глетки од протестите во Мелбурн

Точка

21/09/2021

12:43

7.770

Големина на фонт

а а а

Вчерашните протести ескалирале кога демонстрантите дошле во судир во полицијата.

Неколку стотици демонстранти вчера се собрале втор ден по ред на улиците на Мелбурн. Тие протестираат против рестриктивните меки кои се воведени против коронавирусот, со што директно е загрозена нивната егзистенција.

Вчерашните протести ексалирале кога демонстрантите дошле во судир со полицијата. Тие се незадоволни бидејќи властите донеле одлука градежната индустрија да се затвори на две недели, поради лошите мерки за заштита во текот на работењето.

Министерството за здравство потврдило дека 409 случаи на коронавирус се поврзани со луѓето кои работат во градежната индустрија.

"Како резултат на овие податоци, на тимот за јавно здравје не му преостана ништо други освен да го притисне копчето за пауза и да продолжи да работи со секторот во наредните две недели за да ги подобри условите и да го забави ширењето на вирусот", рекол министерот за здравство.


Оваа одлука ги разбеснила работниците на кои на овој начин им е загрозена егзистенцијата, а тие своето незадоволство решиле да го искажат протестирајќи на улиците во Мелбурн.

На снимка која кружи на Твитер се гледа како полицијата почнува да бега со автомобили, откако бесните демонстранти тргнале кон нив. Тие се обиделе брзо да ги завртат службените возила и да побегнат, меѓутоа, револтираните граѓани ги стигнале.


Некои од нив почнале со камења и шишиња да ги гаѓаат автомобилите, додека други отишле и чекор понапред и почнале со раце да ги удираат возилата и да ги кршат ретровизорите.

Полициските возила во тој момент сопреле и вооружени полицајци почнале да одат кон масата, која во тој момент почнала да бега.

Полицијата соопштила дека кон нејзините припадници на протестите биле фрлани камења, шишиња и други предмети и дека некои полицајци биле повредени додека демонстрантите газеле по нив, пренесува "Guardian".


Командантот на полицијата во Викторија, Марк Галиот, им рекол на новинарите дека биле уапсени 235 демонстранти вклучувајќи и 193 лица кои исто така биле казнети поради кршење на мерките за јавно здравје.

Многумина го осудиле насилничкото однесување на граѓаните, наведувајќи дека ова не е начин да се стекне саканата слобода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг