Три тони хероин од Авганистан пронајдени во Индија

Макфакс

21/09/2021

11:18

1.433

Големина на фонт

а а а

Три тони хероин во вредност од 2,7 милијарди долари, по потекло од Авганистан, се запленети во пристаниште во Западна Индија, соопштија официјалните лица.

Двајцата Индијци се уапсени откако Дирекцијата за разузнавачки податоци за приходи (ДРИ) во пристаништето Мундра пронашла хероин во два контејнери означени дека содржат талк, пишува „Гардијан“.

Авганистан е најголемиот светски производител на хероин, обезбедувајќи меѓу 80 и 90 проценти од светското производство.

Напорите на САД и меѓународната заедница за контрола на трговијата со хероин во Авганистан беа неуспешни многу години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг