Научниците издале драматично предупредување: На коалите им се заканува изумирање! Во дивината има уште околу 30.000

Точка

20/09/2021

12:01

14.058

Големина на фонт

а а а

Научниците издале драматично предупредување дека австралиските коали би можеле да изумрат и дека во дивината ги има уште околу 30.000.

Новите бројки на Фондацијата на австралиски коали, која веќе цела деценија ја следи бројната состојба на коалите, откриваат дека популацијата се намалила за 30 проценти во само три години.

Најновите проценки велат дека во земјата живеат меѓу 32.000 и 58.000 коали, во однос на 2018-та година кога имало меѓу 46.000 и 82.000 единки. Тоа е многу мал број во споредба со тоа дека пред европското населување ги имало околу 8 милиони, пишува "Daily Mail".


Бројот на овие преслатки торбари најмногу паднал во Квинсленд, каде во целата држава веројатно има околу 6.500 коали.

Денеска може да се пронајдат во југоисточниот дел на Австралија, од Квинсленд, преку Нов Јужен Велс и Викторија до Јужна Австралија.


"Се разговара за тоа кога ќе изумрат, бидејќи, за жал, повеќе не може да се зборува за тоа дали ќе изумрат", предупредил професорот по екологија, Кори Бредшо.

Коалите се загрозен вид, имаат одредени генетски проблеми, болести како кламидија, а закана им се кучиња, автомобили, како и климатски промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг