15-метарски кит допливал до жена среде океан: Дрон снимил фасцинантен момент на блиска средба

Точка

17/09/2021

12:20

11.185

Големина на фонт

а а а

Дрон снимил фасцинантен момент на блиска средба помеѓу огромен кит и жена на џет-ски. Моментот се случил на аргентинскиот брег во близина на Пуерто Мадрин.

Жената била среде океан на скутер, кога до неа допливал кит долг 15 метри. Огромниот цицач се свртел странично и со перката го турнал скутерот и продолжил да плива.

Имено, во тек е сезоната на преселба на китовите од патагонскиот брег, а во тој дел од Аргентина доаѓаат бројни туристи токму за да ги набљудуваат овие величествени животни. Сезоната на набљудување китови трае од мај до декември, а во последниот миграциски пат пристигнале околу 1600 цицачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг