Компанија ќе му плати 1.300 долари на едно лице за да ги гледа 13-те најстрашни филмови во историјата

Точка

16/09/2021

18:00

14.128

Големина на фонт

а а а

Компанијата FinanceBuzz на едно лице ќе му плати 1.300 долари за да ги прегледа 13-те најстрашни филмови на сите времиња.

Станува збор за еден вид експеримент кој ќе биде направен во октомври, а чија цел е да се установи дали буџетот на филмот има влијание врз тоа колку е "страшен". За време на гледањето на филмот ќе се следи ритамот на отчукувањето на срцето со користење на Фитбит уредот.


Избраниот учесник ќе гледа 13 филмови, а тоа се: "Saw", "Amityville Horror", "A Quiet Place", "A Quiet Place Part 2", "Candyman", "Insidious", "The Blair Witch Project", "Sinister", "Get Out", "The Purge", "Halloween (2018)", "Paranormal Activity" и "Annabelle".



Спонзорирани линкови

Маркетинг