Премиерот на Велика Британија ја нападнал раперката за антиваксерскиот став, а потоа изјавил дека не знаел која е таа

Точка

15/09/2021

12:07

5.461

Големина на фонт

а а а

Бизарна вербална војна се случила синоќа помеѓу раперката Ники Минаж, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и англискиот шеф на службата, Крис Вити откако на социјалните мрежи се појави приказната за импотенција после вакцината против Ковид.

Професорот Вити и премиерот ја искритикувале американската пејачка поради ширење невистини и смешни теории за тоа дека вакцината против коронавирус може да предизвика импотенција.

Но, дојде до неочекуван пресврт кога раперката неколку минути подоцна одговорила на социјалните мрежи.

Ѕвездата објавила бизарна аудио снимка со лажен британски акцент со кој го исмева премиерот Џонсон откако на конференцијата за новинари го критикуваше нејзиниот пост.


Подоцна се надоврза и на ТВ водителот Пирс Морган откако ја критикуваше за коментарите за вакцинацијата, опишувајќи ја како "најгрубата дама која некогаш ја сретнал".

Сѐ се случило откако премиерот рекол дека не знае која е Ники Минаж и дека го познава само Ники Канани, најдобриот англиски доктор, кој попрво би го слушал за вакцинацијата.

Минаж јавно беше критикувана откако на Твитер рекла дека нејзинин роднина нема да се вакцинира бидејќи негов пријател наводно станал импотентен откако се вакцинирал, а неговата вереница ја откажала венчавката.

И Вити и Џонсон ја критикувале Минаж откако новинар ги запрашал за изјавата на раперката, а кога таа го погледнала видеото повторно се огласила на Твитер.

Неколку моменти подоцна снимила аудио порака за г-динот Џонсон со комичен британски акцент, твитајќи: "Испрати му го ова на премиерот и кажи му дека ме лажеа. Му простувам. На никој друг. Само него".

"Да, здраво премиере Џонсон, тоа е Ники Минаж - ви се јавив да ви кажам дека утринава бевте неверојатен на вестите. Но, јас сум всушност Британка. Родена сум таму. Таму одев на Универзитет. Бев на Оксфорд. Одев во школо со Маргарет Тачер. Ми кажуваше убави работи за вас. Би ви го испратила моето портфолио, со оглед на тоа дека не знаете многу за мене, јас сум голема, голема ѕвезда во САД".



Спонзорирани линкови

Маркетинг