Сопругата на НБА ѕвездата за расистичкиот напад во Хрватска: "Никогаш не сум почувствувала толку голема омраза"

Точка

15/09/2021

22:18

10.668

Големина на фонт

а а а

Холивудската глумица Габи Јунион Вејд, сопругата на НБА ѕвездата Двејн Вејд опиша непријатно искуство кое го доживеала во Хрватска кога била на одмор во Дубровник со пријателите во 2019 година.

Во своите нови мемоари се присетила на инцидентот кој го доживеала со друштвото во еден ноќен клуб.

"Сакавме да ги имитираме чекорите на Серсеј од Игра на тронови", рекла за "People" зборувајќи за популарната локација во Дубровник каде се снимала серијата.


Наместо тоа, доживеала страшен инцидент кој и денес ја потресува.

Глумицата со пријателите влегла во клуб мислејќи дека е геј бар, но кога погледнале наоколу сфатиле дека се опкружени со луѓе кои ги доживеале како "неонацисти" и ги исплашиле.


"Никогаш не сум почувствувала толку омраза и закана со физичко насилство", рекла Габи која истакнала дека групата насилници ги следеле по улицата кога го напуштиле клубот.

"Беше страшно. А стравот и адреналинот од тоа што се случи нѐ остави парализирани од страв".

Габи додала дека како Афроамериканка постојано се соочува со расизам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг