Туристичкиот сектор ќе се дигитализира

Макфакс

14/09/2021

20:31

653

Големина на фонт

а а а

На денешната седница Владата ја усвои информацијата за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.

Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на државата, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку Интернет.

Дополнително платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа, информираат од владината прес-служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг