Таравари за Сител: „Германските експерти да видат и другите модуларни болници дали ги имаат потребните услови“

Точка

14/09/2021

20:26

1.982

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Гостивар и поранешен министер за здравство д-р Арбен Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител рече дека услови за лечење на болни лица нема во повеќе болници, проблемот не е само во Тетово, и дека оставките се готова работа и треба само да се стават на седница и да се изгласаат.

„Ние сме дефокусирани во моментов. Не зборуваме за пожарот, туку за моралниот чин на оставките. Тоа е готова работа. Треба да се стават на седница и да се стават нови луѓе во министерството и здравствената установа во Тетово“, вели Таравари.

Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови.

„Истрагата ќе покаже кој е виновен за ова. Сметам дека во моментов не треба да се затворат другите модуларни болници, но ако не ги исполниле условите воопшто не требало да се отворат“, вели Таравари.