Владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пристигна во работна посета во Тирана по покана на германската канцеларка Ангела Меркел, информираат од владината-прес служба.
Од таму додаваат дека канцеларката Меркел во рамките на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.
Во попладневните часови премиерот Зоран Заев се очекува да одржи и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел, на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата „Отворен Балкан“, чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.