Кичеец повеќе нема да може да користи олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Макфакс

13/09/2021

15:52

2.209

Големина на фонт

а а а

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец е префрлен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот Струга.

Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, информираат од Управата за извршување на санкции.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески, а со која тој се сомничи дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи кај Стража пред десетина дена.

Со ова решение Милески ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг