Мерсон типува: Јунајтед лесно ќе се справи со Њукасл, Арсенал ќе се „распука“, Челси и Ливерпул нема за згрешат

Дерби

10/09/2021

17:04

3.137

Големина на фонт

а а а

Од утре па до понеделник се игра 4. коло во Премиер лигата, коло кое носи неколку интересни пресметки, коло во кое би требало да го видиме како Кристијано Роналдо дебитира за Манчестер Јунајтед.

Пред да започне оваа рунда некогашниот англиски репрезентативец Пол Мерсон даде своја прогноза, тип за истите.

Тој не очекува изненадувања, па така според него Роналдо ќе им помогне на „црвените ѓаволи“ да слават над Њукасл, Челси и Ливерпул нема да дозволат никакви изненадување и ќе слават над Астон Вила и Лидс јунајтед, а пак Арсена ќе се пробуди и ќе го декласира Норич во битката на клубовите кои во моментов се без бодови.

Ова се типовите со точен резултат на Мерсон:

Манчестер Јунајтед-Њукасл 3-0

Арсенал-Норич 4-0

Челси-Астон Вила 3-0

Лидс Јунајтед-Ливерпул 1-3