Новите автомобили се сè поскапи, а еве колку поскапеле за две децении

Точка

09/09/2021

20:13

35.088

Големина на фонт

а а а

До неодамна беше можно да се купи пристоен компактен автомобил за околу 13.000 евра, а денеска се значително поскапи и базните модели.

Германскиот "Automobilwoche" проверил колку навистина поскапеле автомобилите. Според нивната пресметка, просечната цена за семеен компактен автомобил од 2002-ра до 2020-та година пораснала за неверојатни 63 проценти, додека во Б-сегментот растот е незначително помал, и натаму огромни 59 проценти. Вистина, автомобилите се помоќни, поопремени и побезбедни, но се поставува прашањето дали сето тоа го оправдува толкавиот раст на цените.

Според "Jato Dynamics", просечната цена на компакт од Ц-сегментот, во кој влегуваат, на пример, "Ford Focus", "Renault Megane" и "VW Golf", во 2002-ра година била 18.400 евра. Во 2020-ра година тој износ се зголемил на дури 30.000 евра.


Без електрифицирани модели, цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување за овој период се зголемиле за 53%. На сето тоа можеме да ја додадеме и инфлацијата, според која 18.400 евра во 2002-ра година се како 24.576 евра денес. И натаму останува зголемување од 21 проценти, во кое може да се додадат низа фактори, од зголемени цени за развој, до подобра опрема и слично.

На пример, со "Golf" работите стојат вака. Неговата просечна цена од 2002-ра до 2010-та година пораснала за 22 проценти, а од 2010-та до 2020-та за уште 37 проценти. Ова главно се должи на различните хибридни варијанти на моделот, кои се продаваат доста добро, како и верзиите со високи перформанси како што се „GTI“, „GTD“, „GTE“, „GTI Clubsport“ и „R“.


Во иднина можеме да очекуваме и понатамошен раст на цените. Освен што моделите се поголеми и помоќни, факт е дека електрификацијата и се покомплексната опрема имаат се поголем удел во цената на автомобилот која на крајот ја плаќа купецот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг