Најмалку 14 жртви има во пожарот што вечерва изби во ковид центарот во Тетово, објави телевизија Алсат М.
Телевизијата тврди дека веста е потврдена од официјални извори.
Неофицијално според телевизија Сител, бројката на починати по пожарот во ковид болницата во Тетово може да достигне до 30.
Меѓу починатите има пациенти но и лица од нивните семејства и медицински персонал кој вечерва бил на смена.
Сè уште се чекаат официјални информации.
На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев.
Видео/Фото: 360 Степени