Бугарија ќе ѝ донира на Македонија над 50.000 дози од вакцината на „Фајзер“ со рок на употреба до крајот на септември

Нетпрес

08/09/2021

13:44

3.592

Големина на фонт

а а а

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина против коронавирусот на „Pfizer/BioNTech“ на Македонија.

Дозите на вакцини што ќе бидат донирани се со серии броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30-ти септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева, или околу 750.000 евра.

Министерот Кацаров им објасни на новинарите дека ова е прва донација на вакцини за Македонија. Според Кацаров, требало да се изврши во јуни, но поради процедурите кои се вон наша контрола, тоа не успеало и последователно самата Македонија се откажала.


„Сега сум многу благодарен на Народното собрание што ги прекина игрите“, рече Кацаров.

Другите договори за донации на вакцини против Covid-19 поради барање за предлози за измени и дополнувања на предлог-законите меѓу првото и второто читање, ќе бидат повторно разгледани за да бидат ратификувани. Рокот за поднесување предлози е три дена.