Симовски соопшти дека пописот почна успешно, граѓаните да продолжат со соработка

Точка

05/09/2021

12:10

1.453

Големина на фонт

а а а

Пописот утрово стартуваше успешно, во првите два-три часа попишувачите не се соочиле со никаков бојкот или некој технички проблем, а директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, очекува дека истото ќе го каже и на 30 септември кога ќе заврши оваа статистичка операција.

Тој порача дека податоците од пописот ќе служат да се соберат информации за граѓаните, станбениот фонд и сè што е важно за домаќинствата со единствена цел успешно да се креираат и спроведуваат развојните политики.

"После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата", изјави Симовски.


"Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните 10 години кој било да е во државата треба да гради политики за развој врз основа на овие податоци", порача Симовски




Спонзорирани линкови

Маркетинг