Објавена најновата корона-карта на Европа, ситуацијата е значително сменета – повеќе земји во темноцрвена зона

Точка

02/09/2021

23:29

13.747

Големина на фонт

а а а

На најновата карта на Европа, која Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) ја објавува секој четврток, ситуацијата значително се сменила.

Станува збор за најважната мапа за коронавирус во Европската унија според која земјите членки на ЕУ ги носат своите заштитни мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредени земји токму според бројот на заразени од Ковид-19 кој таа земја го има на оваа карта.

Боите за поединечни подрачја се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на заразата во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

По минатонеделната карта кога Хрватска била во портокалова зона, оваа седмица ситуацијата се сменила, па Хрватска моментално е обоена со црвена боја.

Цела Грција е во црвена и темноцрвена зона, додека пак Кипар во темноцрвена боја.

Португалија е во црвена зона, додека пак во Франција и Шпанија не постои регион кој не се наоѓа во црвена или пак темноцрвена зона.

Поголем дел од Италија е во портокалова зона, но јужна и средна Италија се во црвена зона.

Како изгледа тоа, погледнете на следната фотографија: