Алекс Џоунс, водителката на „BBC“ на забавна програма која моментално е на породилно отсуство, одеднаш се појавила во емисијата „The One Show“ и го објавила името од својата ќерка.
Џоунс пред две седмици го родила своето трето дете, а по пат на видеоповик им се јавила на своите колеги во четвртокот навечер во текот на емитувањето на шоу програмата.
На прашањето дали избрала име, водителката изјавила: „Да, имаме име. Се вика Ани“.
Додека траело вклучувањето, вниманието било насочено кон бебето кое го држела во рацете покриено со марама за доење.
Алекс тогаш признала дека го дои детето во текот на интервјуто, па се пошегувала: „Тука е време за хранење“.
На прашањето каде се наоѓаат нејзините други две деца, Тед (4) и Кит (2) кои водителката ги има со Чарли Топмсон, таа изјавила: „Тие јадат шпагети болоњезе во кујната“.
„Поздрав до сите, се гледаме наскоро“, додала таа.
Погледнете го видеото:
Here's the moment you've all been waiting for... @MissAlexjones reveals her baby's name! ?
— BBC The One Show (@BBCTheOneShow) September 1, 2021
Stream on @BBCiPlayer ? https://t.co/Zegx6EoovD#TheOneShow pic.twitter.com/LBV2LwBue4







