Во волшебно опкружување на плоштадот св. Марко во Венеција, околу 400 најценети клиенти на брендот „Dolce & Gabbana“ добиле шанса да ја видат новата колекција на модниот бренд.
Иако таму се нашле многу познати лица од светот на шоубизнисот, сепак најголемо внимание привлекла Џенифер Лопез. Американската актерка и пејачка на ревијата се појавила во кралско издание.
Погледите ги привлекла со својата несекојдневна модна комбинација - раскошна цветна наметка која се протегала до подот, а која била комбинирана со монументални копчиња.
Под неа носела комплет составен од кроп-топ и панталони со висок струк кои ја истакнувале нејзината фит фигура, а комбинацијата ја надополнила со отворени сандали на вртоглава потпетица.
Носела и златна чанта, а на главата цветна круна која дополнително придонела за целиот впечаток кој го оставила кај присутните.
Пејачката својата модна комбинација ја споделила и на Инстаграм профилот, а обожавателите биле навистина воодушевени, па ѝ порачале: „Изгледаш величествено!“.