Постојат луѓе кои си земаат за право да возат автомобил без возачка дозвола, но доколку ги запре полиција тоа може да има сериозни последици.
Сепак, на светот постои само една личност на која тие работи ѝ се дозволени, а станува збор за кралицата Елизабета II која поради статусот не мора да има возачка дозвола, па дури и нејзиниот автомобил не мора да биде регистриран.
Англискиот закон наложува дека никој нема право ниту основа на кралицата Елизабета II да ѝ бара возачка дозвола.
Покрај тоа, автомобилот со кој кралицата управува исто така не мора да биде регистриран, а со самото тое не мора да поседува ниту сообраќајна дозвола.