Во Охрид промовиран проектот „Една точка за услуги“

Макфакс

20/08/2021

16:13

1.022

Големина на фонт

а а а

„Денес во Охрид го промовираме центарот ‘Точка за услуги’. Ова е директна инвестиција на Министерството за информатичко општество и администрација и имаме за цел овој центар да го претвориме во многу фреквентна локација каде што граѓаните на Охрид ќе ги добијат потребните услуги.

Во моментот нудиме 62 директни услуги, сме посредници за над 65 услуги и нудиме над 800 потребни информации за добивањето на услугите. Ова е петти центар ‘Една точка за услуги’ што го отвораме по оние во Скопје, Тетово, Куманово и Битола“, информира Шаќири.

Тој во својот говор истакна дека МИОА планира да отвори сервисни центри за услуги во сите општини низ државата.

„Во моментов ние преговараме со Македонска пошта, во врска со овој проект, да ги искористиме канцелариите и капацитетите на филијалите на Македонска пошта”, посочи министерот.